вторник, септември 13, 2005

Зошто, Кејт? + Дупла доза Ештон

Лека, полека, блогов почнува да го губи својот НБА идентитет, а тоа што у задње време ми се пишува за филмове не значи дека само тоа и ќе може да се начека тука. Како и да е, последниве недела дена моето ДВД прими 4 филмчиња, од кои ниедно нема да остане запишано како ремек-дело во историјата, но едно сигурно ќе остане запишано како еден од најглупите филмове со куп познати глумци во него. Ако некад, онака разгледувајќи низ дивидитека наидете на Life Aquatic и ако ви се види интересен каверот и познатата екипа во него, мој пријателски совет е немојте да го изнајмувате, затоа што ќе си уштедите некои два саати во кои поинтересно ќе ви биде да гледате во тазе кречениот ѕид дома, него во "авантурите" на Стив Зизу. Замислен да биде некоја пародија на Кусто и неговиот тим, филмот тотално бега од идејата (ако уопште ја има), а катастрофата не можжат да ја спасат ни познатите имиња како Бил Мареј, Анџелика Хјустон, Џеф Голдблум, Вилијам Дефо, Овен Вилсон и Кејт Бланшет. И ако донекаде ги разбирам ислужените коњи, кои веројатно би прифатиле било какаов ангажман за добри пари, не ги сфаќам Вилсон и Бланшет, кои сигурно можат у секое време да си најдат подобар ангажман. Има и нешто позитивно во тоа неделата да ти започне со многу лош филм, а тоа е што секој следен ќе ви изгледа како ОК филмче, па макар и кога во него глуми Ештон Качер. И тоа не едно, него две филчиња во кои во главната улога се појавува "лепотанот". Дуплата доза Ештон се состоеше од две комедии (иако нешто не ме изнасмеаа) од кои искрено не очекував многу (проклет да си, Зизу!), но кои солидно ми го пополнија времето пред легнување, нормално не у ист ден. Како што често бива, поизвиканиот по медиуми филм беше послаб, додека оној за кој ретко кој слушнал се покажа како поквалитетен. Не дека Guess who, у кој покрај Качер глуми и одличниот Берни Мек, е лош филм, но ипак е далеку од оригиналот Guess who is coming to dinner, чиј е римејк. Ако у орџиналот од 1967 причата беше во тоа што младиот црнец (Сидни Поатје) оди на вечера каде треба да се запознае со родителите на зенска му, која е белкинја, во новата верзија Ештон е тој кој има афро-женска чии родители треба да ги запознае. У класичен амерички манир, мајката е ОК со момакот, но строгиот отац и не го мириса баш, по што следат , барем за америте, комични ситуации меѓу двајцата. Не кажуем како завршува, али можете да претпоставите. Ова задњево се однесуе и за вториот Ештон флик, A Lot Like Love, у кој покрај него глуми и девојката со коњска намсевка Аманда Пит, и толку. После нив нема друг лик кој повише од 5 мин. се појавува во филмот. Целата прича се врти околу двајцава низ период од седум години и за чудо има доста ситуации во кои можете да се најдете себеси, некад. Го препоручуем за гледање со женска. За крај го оставив Appleseed, кој го препоручуем на оние кои сакаат јапански аниме цртани. "Јаболковото семе" изобилува со одлична анимација, посебно на околината, додека ликовите се класични аниме. А и причата не е за фрлање.

3 Comments:

Blogger DeanaPsychic said...

##Psychic Reading##

9/13/2005 04:24:00 PM  
Blogger howitzer said...

Гес ху највеќе ми го праи ќефот иако го глеаф на убинствена снимка.

9/13/2005 07:07:00 PM  
Blogger bajadera said...

Е конечно да ти пишам.
А бе дај стави нешто ново на овој блог, од кога не си "пишал"

9/23/2005 09:41:00 AM  

Post a Comment

<< Home